Меѓународна соработка/интернационализација

Меѓународната соработка го претставува најекспонираниот домен во работењето на Универзитетот којшто е најмногу видлив на меѓународен план. Под директна надлежност на ректорот, се спроведува во корелација со ректорскиот колегиум, Комисијата за наука и меѓународна соработка и мрежата на факултетски Е+ координатори, а логистичката поддршка ја обезбедуваат административните кадри задолжени за меѓународна соработка од Секторот за настава, наука и меѓународна соработка (контакти:).
Интернационализацијата, во овој контекст, како приоритетен сегмент се однесува на сите меѓународни активности за воспоставување и градење односи со странски партнерски институции, поттикнување и унапредување на академската и мобилноста на студентите за учење и усовршување, учество во интернационални програми, партнерства за едукативни, научно-истражувачки и развојни проекти, но секако и особено со фокус врз воведувањето интерационални, интеркултурни, европски и глобални вредносни елементи во секој аспект од работењето на Универзитетот.

Меѓународната соработка на УКЛО се реализира преку формите на билатерална, мултилатерална и проектна активност, централно и на ниво на единици, во рамките на интернационални проекти и програми, како што е и најпроминентната помеѓу нив, ERASMUS+. Активностите во овој ресор се поврзани со наставно-образовната дејност преку проектите за унапредување на наставниот процес, но и со научно-истражувачката, преку меѓународните истражувачки и проекти за пошироката заедница односно опкружувањето.

УКЛО на централно и на ниво на единици воспоставува, негува и развива партнерства и релации на соработка со образовни институции, организации со партнери од непосредното опкружување и пошироко, во регионални, европски и светски рамки (преку бројни потпишани договори), а членува и во асоцијации и мрежи што тангираат прашања од сферата на високото образование како што се: Европската универзитетска асоцијација (ЕУА), Балканската универзитетска асоцијација (БУА) и Агенцијата на франкофонски универзитети (АУФ). Потписник е на Повелбата за универзалните академски права и слободи – Magna Charta Universitatum.