Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

ПОВИК

за аплицирање за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата

Врз основа на обновената Повелба за високо образование за периодот 2021-2027 (Erasmus Charter for Higher Education 2021-2027) и доставената апликација за учество во Програмата за мобилност, како и Правилникот за мобилност на универзитетите во земјата и странство 

УКЛО објавува

ПОВИК

за аплицирање за мобилност во рамките на Е+ Програмата

КА131: Индивидуална мобилност за учење, Високо образование

Мобилност на ВОИ во програмски земји

За академската 2024/2025 УКЛО има на располагање:

– 30 мобилности х 5 месеци за мобилност на студенти за студирање (или вкупно 50 месеци)

– 8 мобилности х 3 месеци за мобилност на студенти за стажирање (или вкупно 24 месеци)

– 6 мобилности (х 5 дена) за наставен кадар за изведување настава

– 4 мобилности (х 5 дена) за кадар за обука

Времетраење на мобилноста

  1. За студенти: семестар/година (студентите може да реализираат мобилност од збирно 12 месеци по циклус студирање/стажирање/студирање+стажирање)
  2. За кандидати на докторски студии и можност за краток престој од 5 до 30 дена, со вклучување виртуелна компонента во мобилноста
  3. За кадри: пет работни денови со минимум осум часови настава

Врз основа на потпишаните Е+ интеринституционални договори со партнерските универзитети од програмските земји, право на пријавување имаат:

– редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на мобилноста), втор или трет циклус за мобилност за студирање/стажирање, а за стажирање и студенти што дипломирале во годината на објавување на Повикот

– наставен, соработнички и стручен кадар во редовен работен однос на УКЛО.

Студентите и кадрите се пријавуваат за мобилност врз основа на договорите потпишани од нивните матични институции (листа на потпишани интер-институционални договори)

Потребни документи за пријавување на студенти

  • Пополнет формулар за пријавување (Student Application Form)
  • Потврда за редовен студент
  • Уверение за положени испити
  • CV
  • Мотивациско писмо
  • Документ/потврда за познавање англиски или јазикот на институцијата каде што ќе се реализира мобилноста – селектираните студенти подлежат на online јазична проверка со стандардизирани тестови што ќе го одредат нивото на познавање на странскиот јазик во два наврати – непосредно пред заминување и по завршување на мобилноста, со цел да види напредокот во текот на процесот, додека издадената потврда студентите се должни сами да ја прикачат во платформата за којашто ќе треба да креираат своја сметка
  • Дополнително: Договор за студирање (Learning Agreement for studies) во којшто се утврдува студиската програма, периодот на реализација, потпишан од страна на студентот, на факултетскиот координатор и институционалниот координатор на матичната институција и од страна на партнерскиот универзитет (најмалку 20 ЕКТС) / Договор за стажирање (Learning Agreement for Traineeship)

Првичната селекција / рангирање на кандидатите ја прави факултгетот врз основа на академскиот успех, познавањето странски јазик и мотивацијата за учество во Програмата. Студентите ја поднесуваат апликацијата до Еразмус+ координаторот на матичниот факултет (листа на Е+ координатори), најдоцна до 04/03/2024, додека краен рок за поднесување на рангираните апликации од страна на факултетите до Ректоратот на УКЛО е 11/03/2024.

Потребни документи за пријавување на кадри

По селекцијата, избраните кадри ќе треба да достават:

  • Потврда за редовен работен однос
  • Договор за мобилност за наставен ангажман (Staff Mobility Agreement for Teaching) – потпишан од страна на кандидатот, факултетскиот и институционалниот Е+ координатор и одобрен и потпишан од страна на институцијата партнер / Договор за мобилност на кадри за обука (Staff Mobility Agreement for Training) – потпишан од страна на кандидатот, факултетскиот и институционалниот Е+ координатор и одобрен и потпишан од страна на институцијата партнер

Наставниот кадар ја поднесува online пријавата најдоцна до 04/03/2024, додека краен рок за рангирање на поднесените апликации од страна на единиците до Ректоратот на УКЛО е 11/03/2024.

Рангирањето на кандидатите од наставниот кадар го прават единиците, а рангираните апликации се приложуваат во Ректоратот на УКЛО, кадешто Централната комисија за селекција ја донесува конечната одлука. 

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола