Универзитетското студентско собрание е тело на универзитетот во кое членуваат претставници на студентите. Универзитетското студентско собрание ги штити интересите на студентите, учествува преку свои претставници во одлучувањето во органите и телата на универзитетот и ги претставува студентите во рамки на високото образование како членови на академската заедница.

Називот на телото е: Универзитетско студентско собрание на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Називот на англиски јазик е: University Student Assembly of University St. Kliment Ohridski – Bitola. Скратен назив на телото е УСС УКЛО – Битола/ USA UKLO – Bitola.

Седиштето на Универзитетското студентско собрание е во Битола, во простории на Универзитетот.

Универзитетското студентско собрание има своe лого, печат и штембил. Ликовно-графичкиот приказ на логото на Универзитетското студентско собрание е следниов:

Универзитетското студентско собрание го претставува и застапува Претседателот. Работата на Универзитетското студентско собрание е јавна.

Универзитетското студентско собрание има надлежност да:

  • донесува Статут и други акти на Универзитетското студентско собрание, согласно Законот и Статутот наУниверзитетот;
  • избира Претседател на Универзитетското студентско собрание;
  •  предлага износ на паричен надомест за работата на Претседателот, кој се усвојува од Универзитетскиот сенат;
  • го усвојува Извештајот за работењето на Претседателот на Универзитетското студентско собрание;
  • избира членови на Извршниот и Надзорниот орган;
  •  избира студентски претставници во Сенатот и другите органи и тела наУниверзитетот; – предлага Студентски правобранител и покренува постапка за негово разрешување;
  • предлага износ на паричен надомест за работата на Студентскиот правобранител, кој се усвојува од Универзитетскиот сенат;
  • донесува План и Програма за својата работа;
  • им предлага на органите на управување План за финансирање на студентскитеактивности;
  • се грижи за квалитетот на животот на студентот и квалитетот на процесот настудирање, студентскиот стандард, остварувањето на студентските права и интереси и застудентската културна, социјална и интелектуална надоградба;
  • поттикнува студентски активности надвор од наставниот процес;
  • одлучува за зачленување во регионални и меѓународни организации;
  • врши други работи од интерес за студентите.

Универзитетското студентско собрание е составено од по двајца претставници на студентите именувани од редот на претставниците избрани во факултетските студентски собранија и Студентското собрание на Високата медицинска школа. Факултетски студентски собранија кои избираат претставници во Универзитетското студентско собрание се:

  • Факултетско студентско собрание на Техничкиот факултет – Битола,
  • Факултетско студентско собрание на Економскиот факултет – Прилеп,
  • Факултетско студентско собрание на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид,
  • Факултетско студентско собрание на Педагошкиот факултет – Битола,
  • Факултетско студентско собрание на Факултетот за биотехнички науки – Битола,
  • Факултетско студентско собрание на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола,
  • Факултетско студентско собрание на Факултетот за безбедност – Скопје,
  • Факултетско студентско собрание на Правниот факултет – Кичево,
  • Факултетско студентско собрание на Ветеринарниот факултет – Битола,
  • Факултетско студентско собрание на Технолошко-техничкиот факултет – Велес.

Претседател на универзитетското студентско собрание се избира од редот на претставниците именувани во универзитетското студентско собрание.

Мандатот на членовите и на претседателот на  универзитетското студентско собрание трае една година, со право на уште еден избор.

Бројот на членовите на универзитетското студентско собрание, како и органите на универзитетското студентско собрание и начинот  на нивниот избор се уредуваат со статутот на универзитетот.

Органи на Универзитетското студентско собрание се:

1.ПРЕТСЕДАТЕЛ

2.ИЗВРШЕН ОРГАН и

3.НАДЗОРЕН ОРГАН

Универзитетското студентско собрание има статут. Статутот на универзитетското студентско собрание се донесува по претходна  согласност од сенатот на универзитетот.

Работата на универзитетското студентско собрание се финансира со средства на универзитетот во рамките на кој делува универзитетското студентско собрание.

Органи на универзитетското студентско собрание  и начин на нивен избор

Универзитетското студентско собрание има претседател, извршен орган, надзорен орган, а по потреба и други помошни тела. Претседателот на Универзитетското студентско собрание се избира од редот на претставниците именувани во Универзитетското студентско собрание. Претседателот на Универзитетско студентско собрание треба да биде редовен студент.  Мандатот на претседателот на Универзитетско студентско собрание е една година, со право на уште еден избор. Универзитетското студентско собрание го сочинуваат по двајца претставници од секое Факултетско студентско собрание и од Студентското собрание на Високата медицинска школа. Извршниот орган брои пет члена и истите ги избира Универзитетското студенско собрание од редот на редовните студенти со мандат од една година, со право на уште еден избор. Надзорниот орган брои три члена и истите ги избира Универзитетското студенско собрание од редот на редовните студенти со мандат од една година, со право на уште еден избор. Членовите на извршниот и надзорниот орган треба да бидат од различни единици на Универзитетот.  За избор на членови на извршниот и  надзорниот орган  може да се одлучува доколку на седницата присуствуваат мнозинство од вкупниот број членови на Собранието, а одлуките се донесуваат со мнозинство гласови од присутните членови.  По претходна согласност од Универзитетскиот сенат, Универзитетското студентско собрание донесува статут, доколку на седницата се присутни 2/3 од вкупниот број на членови, а статутот се смета за донесен доколку за него гласале мнозинство од присутните членови.