Универзитетскиот Сенат е највисок орган на управување на Универзитетот.
Сенатот го сочинуваат претставници од единиците на Универзитетот, од придружните членки и од Универзитетското студентско собрание. Член на Сенатот може да биде лице избрано во наставно-научно, наставно-стручно, научно или наставно звање и редовен студент на Универзитетот во моментот на изборот. За член на Сенатот не може да биде избрано лице кое е избрано за декан, продекан или директор на единица на Универзитетот. Ректорот и проректорите се членови на Сенатот по функција, без право да учествуваат во одлучувањето и без право да бидат избрани за претседател на Сенатот. Во работата на Сенатот учествува и Генералниот секретар без право на одлучување.

Во Сенатот на Универзитетот студентите се застапени со 15% од бројот на членовите на Сенатот од единиците на Универзитетот. Научните институти, придружни членки на Универзитетот, во Сенатот се застапени со по еден претставник од редот на научните советници. Другите придружни членки на Универзитетот се застапени во Сенатот со по еден претставник, кој треба да има најмалку високо образование.

Претседателот на Сенатот е одговорен за законитоста и статутарноста во работењето на Сенатот. Вршењето на должноста Претседател на Сенат е неспоиво со вршењето на друга државна функција или функција во политичка партија. Претседателот на Сенатот се избира од редот на сенаторите со тајно гласање, за период од една година, со право на уште еден избор.

  • д-р Николче Јанкуловски, претседател на Сенат
  • д-р Игор Неделковски, ректор
  • д-р Цветко Андреески, проректор
  • д-р Јасмина Буневска Талевска, проректор
  • д-р Јове Димитрија Талевски, проректор
  • д-р Горан Илиќ, проректор
  • д-р Зоран Николовски
  • д-р Пеце Николовски
  • д-р Филип Поповски
  • д-р Ратка Нешковска
  • д-р Љупчо Кеверески
  • д-р Ристе Речкоски
  • д-р Катерина Ангелевска Најдеска
  • д-р Драгана Батиќ
  • д-р Стојанка Мирчева
  • д-р Никола Рендевски
  • д-р Андријана Боцевска
  • д-р Елизабета Тошева
  • д-р Никола Тунтевски
  • д-р Викторија Стаматовска
  • д-р Панче Дамески
  • д-р Гордана Ристевска Димитровска
  • д-р Биљана Гвероска
  • д-р Владимир Караџоски, ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп
  • м-р Јелена Петровска, Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
  • Соња Карапец, директор на Студентски дом „Кочо Рацин“ – Битола
  • м-р Жарко Куциноски, директор на Студентски дом „Никола Карев“ – Охрид
  • д-р Сузана Патчева, директор на Хидробиолошки завод од Охрид
  • Кристијан Вељановски, студент
  • Кристина Димитриеска, студент
  • Христијан Георгиевски, студент 

Контакт информации од членовите на Сенат