Универзалната мисија на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, се состои во генерирање на знаење и наука како и создавање и негување на културни вредности во општеството. Во тие рамки, основната мисија на Универзитетот претставува квалитетно образование на млади кадри во квалификувани и компетентни стручњаци спремни да конкурираат на националниот и меѓународниот пазар на труд.

Од ваквата мисија произлегува и визијата за интегриран Универзитет којшто треба да претставува:

  • Академска заедница на слободни поединци: наставници, истражувачи, студенти;
  • Интегриран универзитет во националното и меѓународно окружување;
  • Универзитет со висок степен на внатрешна институционална соработка и координација;
  • Транспарентен кон надворешниот свет;
  • Универзитет со успешно имплементирани европски и интернационални стандарди;
  • Универзитет со обезбеден квалитетен наставно-научен процес;
  • Универзитет со постигната флексибилност и динамичност во процесот на учење и степените на образование;
  • Универзитет чиишто студиски програми ќе бидат академски и професионално признати;

Со еден збор, Универзитет со адекватно валоризирана улога и позиција во општеството.