За мобилноста

Поимот „академска мобилност“ се однесува на период што студентите и академските кадри од една високообразовна институција го поминуваат на друга, најчесто институција во странство, со цел учење или изведување практична настава, одржување настава или стручно усовршување.

Мобилноста на УКЛО се спроведува во рамките на проекти и програми за мобилност, помеѓу кои најпозната е секако ERASMUS. Како програма на Европската унија, ERASMUS во својата суштина, покрај можностите за слободно движење на други институции заради академски цели, инкорпорира и други вредности, како што се промовирање и градење заеднички европски вредности, промовирање социјална и професионална интеграција како основа за зголемување на конкурентноста на општествата и економиите што се базираат врз знаење на глобално ниво. И секако, претставува основа за запознавање и отворање кон други култури и јазици, преку можноста за учење и работа во средини  различни од познатите, домашните, преку контакти и размена, додека активно се живее во нив.

ERASMUS CHARTER FOR HIGHER EDUCATION 2021-2027

Erasmus Policy Statement

ERASMUS Code: MK BITOLA01

PIC: 998930833

OID: E10206416

Мобилност на студенти

  • Студентска мобилност за студирање – можност за престој на странски универзитет за студенти на сите циклуси, во тек на еден семестар или цела академска година.
  • Студентска мобилност за стажирање – период на мобилност во којшто се реализира стручна пракса што се признава како дел од студиската програма. Имаат право на учество и дипломирани, доколку се јавиле на повик за време на активното студирање.

Документи

Пред Мобилноста

1 – Селекција и номинација

Селектираните студенти за мобилност се номинираат на партнерската институција, а во соработка со факултетскиот координатор се подготвува содржината на мобилноста / задачите на практичната настава и се пополнува Договорот за студирање односно за стажирање. 

Студентите прифатени на странската институција, понатаму ја следат процедурата пропишана на избраниот универзитет.

2 – OLS – Online јазична поддршка

Секој студент – учесник во Програмата, има обврска да направи тест за проценка на нивото на познавање странски јазик и има право да учествува на бесплатни online јазични курсеви за подобрување на јазичните вештини, преку OLS алатката.

3 – Потпишување договор за грант со УКЛО, за да се изврши исплата на средствата.

4 – Здравствено осигурување – студентите на мобилност треба да бидат здравствено осигурани за време на мобилноста. УКЛО издава потврди за доделен грант за приложување во ФЗО при оваа постапка.

5 – Виза и привремен престој – студентите се должни да се информираат за условите за престој и да се јават во соодветните амбасади за добивање виза за престој, за што приложуваат соодветна потврда дека се носители на грант за студиски престој, издадена од УКЛО.

Странски дипломатски претставништва во Република Северна Македонија: www.mfa.gov.mk

По мобилноста

1 – Документи за комплетирана мобилност

  • Потврда од институцијата домаќин – Certificate of Stay – во којашто се прецизно наведени датумите на започнување и завршување на обврските на студентот во рамките на престојот
  • Уверение за положени испити за време на мобилноста за студирање – Transcript of Records или Recognition Outcomes, односно последниот дел од Договорот за студирање / Потврда за стажирање – Traineeship Certificate, односно последната рубрика од Договорот за стажирање
  • Комплетни договори за студирање/стажирање, со соодветни потписи од трите страни (студентот, матичната и институцијата домаќин) и евентуални измени за да се поклопат со уверенијата за положени испити

2 – Второ OLS проверување на јазичните вештини за утврдување на напредокот за време на мобилноста.

3 – Поднесување online извештај за реализираната мобилност во алатката за мобилност, Mobility Tool – Online Report on Mobility, за што секој учесник во Програмата добива автоматски генерирано барање на својата email адреса и соодветен рок за приложување.

Мобилност на кадри

  • За наставен ангажман – 5 работни денови, со минимум 8 часа, академски и соработнички кадри
  • За обука/професионален развој – на кадри за следење на работата во партнерската институција, обука со вклучување и на други соодветни организации, во тек на 5 работни денови

За време на престојот во странство, секој учесник добива средства за покривање на дневните трошоци, во износ што зависи од животниот стандард на земјата каде што се одвива мобилноста + патни трошоци, во зависност од далечината во km во еден правец воздушна линија и пресметани според алатката на Европската комисија.

износи на грантови 

Калкулатор на далечина

Кадрите на УКЛО во редовен работен однос,  учествуваат во програмата за мобилност преку пријавување на Повикот.

Документи

Пред мобилноста

1 – Контакт на институцијата домаќин и договарање поединости за престојот, во академска и во практична смисла и усогласување на план за работа, од којшто ќе произлезе содржината на договорот за мобилност на кадар за настава/обука

2 – Потпишување договор за грант со УКЛО, за да се изврши исплата на средствата

По мобилноста

1 – Документи за комплетирана мобилност

  • Потврда од институцијата домаќин – Certificate of Stay – во којашто се прецизно наведени датумите на започнување и завршување на престојот
  • Комплетен, финален Договор за наставен ангажман/обука со потписи од учесникот, матичната и институцијата домаќин

2 – Поднесување online извештај за реализираната мобилност во алатката за мобилност, Mobility Tool – Online Report on Mobility, за што секој учесник во Програмата добива автоматски генерирано барање на својата email адреса и соодветен рок за приложување.

Мобилноста во рамките на ЕRASMUS програмата е исклучиво возможна врз основа на потпишаните интер-институционални договори.

ИНТЕР-ИНСТИТУЦИОНАЛНИ ДОГОВОРИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОГРАМАТА ERASMUS+ (KA131)

Доколку изборот на некој кандидат за институција домаќин е надвор од оваа понуда, потребно е да се иницира потпишување соодветен договор целосно да се реализира најдоцна до моментот на започнувањето на мобилноста.

Секторот за настава, наука и меѓународна соработка, институционалниот Е+ координатор и координацијата на единиците ја нудат својата помош, и во заедничка координација, го спроведуваат овој чекор.