Единици на универзитетот
Во 1977 година, постојната Висока економска школа – Прилеп (1960) се трансформира во Економски факултет, којшто беше еден од потписниците на актот за основање на УКЛО во 1979 година. На Економскиот факултет се реализира наставнообразовен процес на повеќе акредитирани програми.
Контакти:
- Економски факултет
- Марксова б.б. Прилеп
- Тел: + 389 (0)48 427 020
- Факс: + 389 (0)48 426 927
Оваа високообразовна установа е во состав на Универзитетот од неговото основање, но со статус Виша земјоделска школа. Таа е една од најстарите високообразовни установи во Југозападниот регион на Република Македонија, формирана во 1960 година, на која се профилираа кадри од земјоделско-сточарска област. Во 1999 година како резултат на еден Заеднички европски проект, постојната Виша школа прераснува во Факултет за биотехнички науки каде што до денес се остварува образование на повеќе студиски програми.
Контакти:
- Факултет за биотехнички науки
- Партизанска б.б.Битола
- Тел: + 389 (0)47 238 276
- Факс: + 389 (0)47 226 220
Техничкиот факултет е основан во 1977 година со трансформацијата на дотогашната Висока техничка школа (1961). Влегува во состав на УКЛО од неговото основање во 1979 година. Техничкиот факултет реализира наставнообразовен процес во повеќе образовно научни области и студиски програми.
Контакти:
- Технички факултет
- Иво Лола Рибар б.б.7000 – Битола
- Тел:+ 389 (0)47 207 701
- + 389 (0)47 207 741
- + 389 (0)47 207 740
- Факс: + 389 (0)47 203 370
Педагошкиот факултет во Битола е високообразовна установа формирана во 1977 година низ процесот на трансформација на постојната Педагошка академија, чија дејност се остваруваше од 1964 година.
Контакти:
- Педагошки факултет
- Васко Карангелевски б.б.Битола
- Тел: + 389 (0)47 253 652
- + 389 (0)47 253 694
- Факс: + 389 (0)47 203 385
Факултетот за туризам и угостителство е високообразовна установа единствена од овој вид во дражавата, основана во 1977 година. Овој факултет ја продолжува образовната традиција од претходно постоечката Виша туристичка школа во Охрид, а со новите трендови во високото образование во 70-те години од минатиот век се трансформира во респектабилна високообразовна единица што е во состав на Универзитетот од неговото основање.
Контакти:
- Факултет за туризам и угостителство
- Кеј Маршал Тито бр.95, Охрид
- Тел: + 389 (0)46 262 147
- + 389 (0)46 264 215
- Факс: + 389 (0)46 262 281
Факултетот за безбедност – Скопје е формиран во 1977 г. во состав на Центарот за образование на кадри за безбедност и општествена самозаштита. Во 2003 година се возобнови како Полициска академија и стана рамноправна членка на УКЛО. По трансформацијата во 2008 година, Факултетот за безбедност функционира како правен наследник на Полициската академија и претставува единица на УКЛО. Неговата специфика е едукацијата на студентите во областа на безбедноста.
Контакти:
- Факултет за безбедност
- Идризово б.б.Скопје
- Тел: + 389 (0)2 2546 200
- Факс: + 389 (0)2 2546 211
Оваа високообразовна единица влегува во составот на УКЛО од академската 2008/2009 година кога се запишува и првата генерација студенти кои своето студирање го реализират во Кичево, каде е седиштето на Факултетот или во Битола на дисперзираните студии.
Контакти:
- Правен Факултет
- Александар Македонски 72 Кичево
- Тел: + 389 (0)45 220 267
- Факс:+ 389 (0)45 220 267
Оваа високообразовна установа, исто така, започна да функционира со почетокот на акдемската 2008/2009 година. Седиштето на Факултетот е во Велес.
Контакти:
- Технолошко-технички Факултет
- Петре Прличко 42 Велес
- Тел: + 389 (0)43 211 202
- Факс: + 389 (0)43 211 204
Во 1988 година новоформираната Виша медицинска школа во Битола стана членка на УКЛО. Како единствена високообразовна установа за виши медицински сестри, со донесувањето на Законот за високо образование (2000), прераснува во Висока медицинска школа.
Контакти:
- Висока медицинска школа
- Клиничка болница
- Партизанска б.б..Битола
- Тел: + 389 (0)47 253 268
- Факс: + 389 (0)47 258 311
Ветернираниот факултет во Битола започна со работа во академската 2009/2010 и е една од поновите едниници во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Кандидатите заинтересирани да студираат на овај факултет можат да го направат тоа на насоката за ветеринарна медицина.
Контакти:
- Ветеринарен Факултет – Битола
- Прилепска б.б Битола
- Тел: + 389 (0)47 228 899
- Факс: + 389 (0)47 228 899
Оваа единица на Универзитетот е најнова во неговиот состав и е формирана во 2014 година, врз основа на Закон за основање Факултет за информатички и комуникациски технологии во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (Сл. весник бр. 187/30.12.2013). Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола во себе ги инкорпорира студиските програми од научните полиња на информатика и компјутерска техника и информатика на Техничкиот факултет и на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, којшто со основањето на Факултетот за информатички и комуникациски технологии престана да функционира.
Контакти:
- Факултет за информатички и комуникациски технологии
- Партизанска б.б.Битола
- Тел: +389 77 871 376
- contact@fikt.edu.mk
Најстарата научна установа на Универзитетот и единствената од овој вид во Република Македонија, Институтот за тутун во Прилеп, е основана уште во 1924 година и тоа како прва организирана научно-истражувачка единица во земјата. Со основањето на Универзитетот, Институтот станува негова членка од редот на научно-истражувачките установи.Научно-истражувачка дејност се остварува преку следниве одделенија:- Одделение за генетика, селекција и семеконтрола;- Одделение за агротехника на тутунот;- Одделение за заштита на тутунот од болести,штетници и плевели;- Одделение за технологија, ферментација и фабрикација;- Одделение за хемија на тутунот, тутунскиот чад, резидуи од пестициди и биохемија и- Одделение за економско планирање и програмирање
Контакт:
- „Кичевска” б.б., Прилеп
- Тел: + 389 (0) 48 412 760
- Факс: + 389 (0) 48 412 763