Прв циклус (додипломски) студии
Првиот циклус на универзитетските студии трае од три до четири години и со неговото завршување се стекнуваат од 180 до 240 ЕКТС кредити. Студентите кои ги завршиле додипломските студии се стекнуваат со соодветна Диплома за стручни студии – по завршување на студиска програма во траење од три години, односно 180 ЕКТС кредити или Диплома за академски студии – по завршувањето на студиска програма во траење од најмалку три години, односно најмалку 180 ЕКТС кредити во зависност од организирањето на студиите во посебната високообразовна единица во состав на УКЛО.
Академските студиски програми од додипломските студии ги оспособуваат студентите за влез во вториот циклус на универзитетски студии, а академскиот назив којшто студентите го добиваат по нивното завршување гласи bachelor.
Листа на изборни предмети на едниците на УКЛО:
- 1. Технички факултет
- 2. Економски факултет
- 3. Факултет за туризам и угостителство
- 4. Педагошки факултет
- 5. Факултет за биотехнички науки
- 6. Факултет за безбедност
- 7. Правен факултет
- 8. Технолошко-технички факултет
- 9. Факултет за информатички и комуникациски технологии
Академски и стручни студиски програми, со нивниот опис (Learning Outcomes) што се реализираат на УКЛО во академската 2017/2018 година:
1. Технички факултет – Битола
УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДИИ – четиригодишни
- Машинство
- Индустриско инжеенрство и менаџмент
- Сообраќајно-транспортно инженерство
- Графичко инженерство и дизајн
- Електроенергетски системи
- Мехатроника
- Инженерство за заштита на животната и работната средина
2. Економски факултет – Прилеп
УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДИИ – четиригодишни
- Менаџмент
- Меѓународен бизнис
- Маркетинг менаџмент
- Сметководство и ревизија
- Банкарство и финансисии
- Е-бизнис
3. Факултет за туризам и угостителство – Охрид
УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДИИ – четиригодишни
- Туризам
- Осигурување
- Царина и шпедиција
- Менаџмент во услужен сектор
- Гастрономија
- Хотелско-ресторански менаџмент
СТУДИСКА ПРОГРАМА НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК – четиригодишни
4. Педагошки факултет – Битола
УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДИИ – четиригодишни
- Наставник за одделенска настава
- Воспитувач
- Информатика и техничко образование (заедничка студиска програма со Техничкиот факултет-Битола)
- Англиски јазик и книжевсност
- Македонски јазик и книжевност
- Преведување (од македонски на англиски јазик и од англиски на македонски јазик)
- Социјална и рехабилитациска педагогија
5. Факултет за биотехнички науки – Битола
УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДИИ – четиригодишни
6. Висока медицинска школа – Битола
СТРУЧНИ СТУДИИ – тригодишни
- Општа медицинска сестра
- Медицинско-лабораториски аналитичар
- Физиотерапевти
- Радиолошки технолози
- Акушерки
- Санитарен инженер
7. Факултет за безбедност – Скопје
УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДИИ – четиригодишни
8. Правен факултет – Кичево
ТРИГОДИШНИ ПРАВНИ СТУДИИ
- Правни студии (додипломски) – Кичево
- Правни студии (додипломски) – Битола
- Правни студии (додипломски) – Струга
9. Технолошко-технички факултет – Велес
УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДИИ – четиригодишни
10. Ветеринарен факултет – Битола
ИНТЕГРИРАНИ УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДИИ (ПРВ И ВТОР ЦИКЛУС) – петгодишни
11. Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола
УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДИИ – четиригодишни – Информатички науки и комуникациско инженерство
- информатички науки и пресметковно инженерство
- софверско инженерство
- компјутерска графика и програмирање на видео игри
- комуникациски технологии
- компјутерска форензика
- информациски системи
- примена на Е-технологии
- Машинска интелегенција и инженерство на производствени системи
- ИКТ претприемништво, иновации и менаџмент на мали бизниси
УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДИИ – тригодишни