Репозиториум

Репозиториумот на УКЛО овозможува складирање и чување на електронски верзии на изданијата на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и неговите вработени. Репозиториумот содржи метаподатоци од архивите на ePrints.

Електронската база содржи голем број научни и стручни трудови кои се однесуваат на различни научни области организирани според Фраскатиевата класификација, достапни за целокупната академска заедница и заинтересирана јавност која има потреба да ги користи резултатите добиени од истражувањата и апликативната дејност на академскиот кадар на УКЛО.

Овој електронски репозиториум претставува можност за презентација на научните достигнувања на академскиот кадар на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, како и етаблирање на научно-истражувачката дејност на глобално ниво.

Репозиториумот е достапен на следниот линк.