Програми, стипендии и грантови

Стипендии на Министерството за надворешни работи на Романија

Минстерството за надворешни работи на Романија, преку романската амбасада во Скопје, информира за отворениот повик за аплицирање за целосни стипендии за студирање на реномираните романски универзитети. Во рамките на оваа годишна програма за стипедирање, сите странски државјани имаат можност да аплицираат преку поднесување лична пријава до 16 март 2024, на трите циклуси на студирање во сите области освен медицина, стоматологија и фармација.
За условите за пријавување и студирање, повеќе информации тука.

Фулбрајт специјалисти

Амбасадата на САД во Скопје информира за отворениот повик на Одделот за програми за академска размена при Бирото за образование и култура, за аплицирање на Програмата за Фулбрајт специјалисти за 2024 година. На овој повик се поднесуваат апликации за проекти што ќе се реализираат во периодот од 1 јануари 2024 до 30 септември 2025.

Повеќе.

Инструкции за аплицирање.

Хоризонти Европа: Инфо денови во октомври 2023

1.“How to find opportunities and submit a proposal?” (05.10.2023)

Инфо и регистрација: https://lnkd.in/dTpf79Wx

2.“How to prepare the Grant Agreement?” (17.10.2023)

Инфо и регистрација: https://lnkd.in/d5xcSujs

3.“How to manage Grant?” (24.10.2023)

Инфо и регистрација: https://lnkd.in/dvNYswph

Подетални информации може да се добијат од Националните контакт лица/National Contact Points: https://lnkd.in/dfGwbAkx

Отворен повик за Меѓународната летна школа на УниГрац, Seggau 2023

Меѓународната летна школа на УниГрац, Seggau – двонеделна меѓународна академска програма за студенти и професори од сите дисциплини и циклуси – за 2023 година ќе се одржи во периодот 2 -15 јули 2023, во тврдината Seggau, покрај Лајбниц во Австрија, под наслов: Конфликт, предизвик и промена: ДРЖАВА – ОПШТЕСТВО – РЕЛИГИЈА (Conflict, Challenge and Change: STATE – SOCIETY – RELIGION).

За време на одржувањето на Летната школа, учесниците ќе имаат можност да следат предавања, да учестввуаат на семинари и рекреативни настани, да дискутираат и да се вмрежуваат со свои колеги и врсници и да добијат 6 ЕКТС за учество, како и можност за публикување на семинарските работи во зборник на Школата.

Дополнителни информации на GUSEGG – Büro für Internationale Beziehungen (uni-graz.at)