Студентски магазин УКЛО КОЛОРС

Со огромно задоволство и голема радост УКЛО го претставува првиот број од Студентскиот магазин УКЛО КОЛОРС. Финален производ на напорна работа, ентузијазам и посветеноста на група студенти од различни единици на УКЛО координирани од вредни професори и професионалци.
Боите оживуваат кога има светлост, па така виолетовата боја го „оживеа“ УКЛО и ги разлеа своите нијанси спојувајќи се со другите бои на КОЛОРС.
Студентскиот магазин е двојазичен и содржи текстови и слики од лансирањето на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС,  учества во работилници, натпревари и интеркултурни настани, преведувачки проекти, дизајнирање на маичка на УСС,  спорт, забава….
Студентскиот магазин УКЛО КОЛОРС е креативно дело видливо и надвор од нашата земја.

Студентски магазин УКЛО КОЛОРС бр.1