Меѓународни конференции

Втора меѓународна конференција во организација на Педагошки факултет-Битола и високообразовни институтции од регионот

 

На 25.03.2020 г. Педагошкиот факултет –  Битола во соработка со Високата школа за стручни студии за воспитувачи „Михаило Палов” од Вршац, Универзитет Ново Место, Р. Словенија, Факултет за учители -Загреб, Р. Хрватска и Факултет за учители – Белград, Р. Србија ја организираат втората меѓународна научна конференција насловена:  НАДАРЕНИТЕ И ТАЛЕНТИРАНИТЕ КРЕАТОРИ НА ПРОГРЕСОТ.

 

Повеќе.

 

Трета меѓународна конференција на Технички факултет-Битола

 

Во организација на Техничкиот факултет- Битола, во периодот од 28 до 30 мај 2020 година ќе се одржи третата меѓународна конференција  насловена Транспортот во современото општество.

 

Повеќе информации за Конференцијата може да се најдат на следниот линк.

 

Меѓународен летен универзитет на УниПриштина

 

Универзитетот во Приштина отвори повик за учество на Меѓународен летен универзитет (6 – 17 јули2020) за сите заинтересирани академски кадри, на теми од сите академски области. Апликациите, авоедно и сите дополнителни информации во врска со Летниот универзитет се достапни на следниовлинк https://uni-pr.edu/page.aspx?id=1,4,914. Апликациите се очекува да се достават на следнава е-пошта: mirjeta.kuci@uni-pr.edu најдоцна до 2 декември 2019.

 

Годишна INTED2020 Конференција

 

14. Конференција посветена на технологија, образование и развој, INTED2020како годишен собир на академски и научно-истражувачки кадри, стручњаци и професионалци во областа на образованието, развојот и иновациите и новите техники на учење, наредната 2020 ќе се одржи во периодот помеѓу 2 – 4 март, во Валенсија, Шпанија.

 

Повикот за поднесување апстракти, по електронски пат, на линкот https://iated.org/inted/online_submission,  е 21 ноември 2019.

 

Зборникот на трудовите објавени на Конференцијата ќе бидат рецензирани за во Web of Science (како што е случај и со претходните изданија на Конференцијата), додека секој прифатен труд ќе добие DOI број.

 

Организационен одбор на Конференцијата

 

Email: inted2020@iated.org

 

Website: https://iated.org/inted/

 

Летна школа за студенти на докторски студии

 

Во периодот 2 – 6 септември 2019, Аристотел Универзитетот од Солун организира Летна школа за докторски студенти на теми поврзани со климатските влијанија и промени, производството на чиста енергија и одржливото стопанисување со ограничените ресурси.

 

Информации за Школата може да се добијат на следниов линк: www.kathes-research.eu, додека апликациите ќе се примаат, online, до 31 мај 2019 на www.kathes-research.eu/application.php.