CEEPUS
Студентска и академска мобилност на УКЛО се реализира и во рамките на Централно-европската програма за размена за универзитетски студии – CEEPUS (Central European Exchange Program for University Studies) преку учество на единиците на УКЛО во мрежи на високообразовни институции од овој регион. Секоја мрежа се фокусира на одредена област и соработката се одвива врз основа на учество на факултетите во сродни подрачја.
Студентските стипендии вклучуваат средства за покривање на трошоците поврзани со патување, сместување и храна за време на мобилноста, додека за време на престојот на странскиот универзитет, студентите се ослободени од плаќање школарина. Информациите за можностите за мобилност се достапни кај координаторите на Програмата на секој факултет и на web страницата на националната CEEPUS канцеларија (www.ceepus.info). Исто така на оваа страница се видливи и активните мрежи во коишто партициприраат единиците на УКЛО.
Пријавување за учество во мрежа
Врз основа на писмо покана од партнерска институција, заинтересираната единица доставува писмо за интерес до Секторот за настава, наука и меѓународна соработка на УКЛО за да обезбеди мандатно писмо со потпис од Ректорот со што се здобива со право за вклучување во мрежата.