ERASMUS +
УКЛО успешно ги користи сите расположиви предности на координирање и партнерско учество во меѓународните едукативни, научно-истражувачки, развојни и други проекти финансирани од фондовите и програмите на Европската комисија.
ERASMUS+ (ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus) е најпозната програма на ЕУ којашто финансира проекти за соработка во три значајни домени:
- образование
- млади и
- спорт.
Во доменот на образованието, Програмата се фокусира на низа приоритети поврзани со унапредувањето и поддршката на сите нивоа на образование, зајакнување на врските помеѓу формалното, неформалното и информалното образование, засилување на врската помеѓу академијата и индустријата, креирањето дополнителни вредности за европскиот образовен простор, како и доближување на образовните политики во земјите партиципенти.
ERASMUS CHARTER FOR HIGHER EDUCATION 2014-2020
ERASMUS Code: MK BITOLA01
PIC: 998930833
OID: E10206416
Структура на програмата
За реализација на поставените приоритети, Програмата се спроведува низ три клучни акции:
1 – Клучна акција 1 – Учење преку мобилност – индивидуална мобилност на студенти и високообразовни кадри заради учење и усовршување (Key action 1: Learning Mobility of Individuals). Повеќе информации во врска со мобилноста на студентите и кадрите може да се најдат тука 1. Проектите од КА1 ги пријавува и администрира Секторот за настава, наука и меѓународна соработка на УКЛО, во согласност со одредбите на Правилникот за мобилност.
2 – Клучна акција 2 – Проекти за соработка и иновации, размена на добри практики преку проекти за стратешки партернства (Erasmus Strategic Partnerships) и здружување на знаењата и искуствата преку Алијансите на знаење (Knowledge Alliances), градење капацитети и развивање и унапредување на студиски програми преку посебна поддршка за високообразовни институции во партнерски земји (Key Action 2: Cooperation for innovation and the exchange of good practices). Повеќе информации во врска со аплицирањето за проектите во рамките на КА2 може да се најдат тука 2. При аплицирање во рамките на КА2 потребно е да се следи востановената практика за најавување на проекти.
3 – Клучна акција 3 – Реформи во образовната политика преку поддршка на отворени форми на координација со образовните политики во земјите членки, вмрежување, креирање и развивање заеднички алатки и платформи за следење на реформите (Key action 3: Support for policy reform). Повеќе информации за КА3 се достапни на web страницата на НАЕОПМ https://na.org.mk
Во согласност со насоките дадени во Водичот за Програмата, дел од активностите се централизирани и за нив е надлежна Извршната агенција за образование, аудиовизуелна политика и култура на европската комисија, ЕАСЕА (https://eacea.ec.europa.eu/homepage_en), а дел се децентрализирани и надлежна за нивното спредување е Националата агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОПМ https://na.org.mk).
ИНТЕР-ИНСТИТУЦИОНАЛНИ ДОГОВОРИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОГРАМАТА ERASMUS+ (КА103)
Tука 1
Мобилност на студенти и академски кадри на УКЛО во рамките на Е+ (Клучна акција 1)
Редовните студенти на сите три циклуси и академските и соработничките кадри во редовен работен однос на УКЛО имаат право да учествуваат во проектите за мобилност во Клучната акција 1 од ERASMUS програмата врз основа на пријавување на Повикот за учество што го објавува УКЛО и во рамките на потпишаните интер-институционални договори на својата единица.
Потребни документи за пријавување (студенти)
- Формулар за пријавување
- Договор за студирање/стажирање
- CV Europass format
- Мотивациско писмо
- Потврда за редовен студент
Потребни документи за пријавување (кадри)
- Формулар за пријавување
- Договор за академска мобилност (наставен ангажман/обука)
- CV Europass format
- Потврда за редовен работен однос
- Писмо покана од партнерската институција
Износи на грантови за програмските земји
- Износи на грантови за студенти/месец/земја
- Износи на грантови за кадри/ден/земја + патни трошоци
Секторот за настава, наука и меѓународна соработка, институционалниот Е+ координатор и Е+ координаторите на единиците ја нудат својата помош и во заедничка координација ги администрираат сите академски мобилности на УКЛО.