УКЛО бележи видлив успех во сите спортски активности по завршување на државните универзитетски лиги и универзитетските натпревари за академската 2022/2023.

Студентите од УКЛО се искачуваа на спортскиот пиедестал и освојуваа места и во екипна и во поединечна конкуренција во повеќе спортови: мал фудбал и кошарка, во државните лиги во одбојка во категорија мажи и жени, во поединечните првенства во пинг-понг, шах, куглање мажи и жени и за прв пат во Универзитетскиот куп во ракомет чиј домаќин и носител на првото место беше нашиот Универзитет.

Спортскиот дух на студентите од УКЛО беше присутен на сите натпреварувања и решавачки студентите на УКЛО да постигнат завидни резултати.

За првпат пат, беше организиран и  универзитетски турнир во тенис „УКЛО ОПЕН“ со учество на академски, админстративен кадар и студенти од УКЛО од сите циклуси на студии. Турнирот се очекува да прерасне во традиционален и да се прошири во рамките на државното универзитетско првенство во тенис.

Студентите на УКЛО учесници во различни спортски натпревари потврдуваат дека академската 2022/2023 година за Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, беше доста активна на спортски план, посебно заради учеството во универзитетските лиги, организирани од Универзитетската спортска федерација на Македонија, во сите спортови. Според нив, сето ова, дава дополнителна мотивација и понатаму да се продолжи со организација на спортски активности во повеќе спортови, како на ниво на УКЛО, така и на државно и меѓународно ниво.