Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола е потписник на Декларацијата за проценка на истражувањето – DORA и направи значаен исчекор во поддршката на одговорни практики за евалуација на истражувањето.

Со потпишувањето на DORA, УКЛО ја официјализира определбата да поддржува правични практики за евалуација, поттикнувајќи научна средина која вреднува различни перспективи и ригорозни истражувања.Станува збор за сериозна пресвртница што ја нагласува посветеност на Универзитетот за унапредување на научната комуникација што ќе овозможи процедурите поврзани со публикувањето да се остваруваат со максимално почитување на највисоките стандарди.
УКЛО упати искрена благодарност до авторите, рецензентите, уредниците и читателите за нивната континуирана поддршка и најави перманентно промовирање на научна извонредност, негување на култура на интегритет и иновации.
Со службениот пристап кон DORA, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола е во моментот прв македонски универзитет кој направи сериозно придвижување напред во поддршката на одговорните практики за евалуација на истражувањето.