Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, ширум ги отвора вратите за упис на нови студенти во акдемската 2023/2024 година. Објавен е Конкурсот (.PDF) за упис на нови студенти што е достапен на веб страницата на УКЛО и веб страниците на Универзитетот.

На 11 единици на УКЛО место има за 2565 нови студенти. Од нив 1351 се за државната квота, другите 773 и 441 се наменети за студии со кофинансирање и вонредно студирање.

Заинтересираните кандидати имаат можност за солиден избор од широката лепеза специфични профили. УКЛО нуди бројни акредитирани студиски програми што се поврзани со пазарните потреби, интегрирани во опкружувањето.

УКЛО и во новата академска 2023/2024 г. го стимулира уписот на најдобрите.

На секоја единица на Универзитетот, од сите студиски програми заедно, на три најдобро рангирани кандидати, ќе им бидат рефундирани средствата од плаќање партиципација за првиот семестар од првата година на студии.

Конкурсот ќе се реализира во три уписни рокови.

Првиот уписен рок на УКЛО започнува на 21, 22 и 23.08. 2023 г.