Врз основа на член 97 став 3 од Законот за високото образование и член 121 став 4 и 5 од Статутот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“- Битола, како и на Одлуката на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св.Климент Охридски“- Битола Бр.14-453/7-3 од 20.04.2022 година, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, објавува

ЈАВЕН  ОГЛАС

за избор на Ректор

Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола отпочна постапка за избор на Ректор на слободни непосредни и тајни избори од страна на членовите на наставно-научните, научните и наставничките совети на единиците, за време од три години, односно за период од 01.10.2022 до 30.09.2025 година.

Услови за избор на Ректор:

Кандидатот за Ректор, треба да ги исполнува следните  услови:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија
  • Да е редовен професор.

Кандидатот за  Ректор кон Пријавата  задолжително  доставува:

  • Пријава;
  • Биографија со библиографија;
  • Одлука за избор во редовен професор;
  • Програма за работа и развој на Универзитетот за мандатниот период и
  • Уверение за државјанство.

Кандидатите за Ректор треба да ги достават потребните документи во оригинал или копија заверена кај нотар, во печатена форма, во рок од 12 (дванаесет)  дена по денот на објавувањето на Јавниот оглас во печатените дневни весници „Слободен печат“ и  „Коха“, а и на веб страната на Универзитетот, до Универзитетска изборна комисија, Универзитет „Св. Климент Охридски“-Битола, ул.„Бул. 1 ви Мај“ бб Битола, во архивата на Ректоратот или по пошта, со назнака „За Јавниот оглас“.

Лице за контакт: м-р Офелија Христовска, тел. 047 223-788, локал 116.

Изборот на кандидатот ќе се изврши во согласност со одредбите на Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“- Битола.

 

Универзитет „Св.Климент Охридски“ – Битола

Јавен Оглас СЛОБОДЕН ПЕЧАТ бр. 2536 од 26.04.2022

Јавен оглас КОХА бр. 4525 од 26.04.2022