Одржан првиот академски час на УКЛО

01.10.2018

Првиот академски час  на УКЛО започнa на 1 октомври 2018 година.

Академски свечености се одржаа на сите единици на УКЛО.

На настаните во две универзитетски средини на УКЛО: Економскиот факултет и на Техничкиот факултет, обраќања до новата генерација студенти имаа ректорот на УКЛО,  проф. д-р Сашо Коруновски и заменик министерот за образование и наука, проф. д-р Петар Атанасов коишто по повод пригодата се осврнаа кон потребата за квалитетна едукација која е двигател на процесите, зашто современото образование значи поддршка на прогресот и вредностите.

Првиот академски час на Економскиот факултет беше во знакот на новата деканатска управа и почеток на мандатот на деканот,  проф. д-р Драгица Оџаклиеска. Свое обраќање имаше и градоначалникот на Прилеп д-р Илија Јованоски кој се приклучи кон желбите за успешна едукација и личен развој на студентите.

И на церемонијата одржана на Техничкиот факултет во Битола студентите беа поздравени од деканот на факултетот, проф. д-р Стојанче Нусев.  Свои обраќања имаа заменик-министерот за образование Петар Атанасов и Ректорот на УКЛО, како и градоначалникот на Битола, м-р Наташа Петровска. Пораката испратена од Техничкиот факултет е своевидно потсетување и до новата генерација бруцоши дека универзитетската средина во која се вклучуваат треба да биде  предводник на општеството.

Присуството на првите луѓе од УКЛО и на значајни личности од општествено-политичкиот и стопанскиот живот во државата во неколкуте средишта на Универзитетот, го потврдува регионално значење на УКЛО.


Scroll to Top