ДОДЕЛЕНА СТИПЕНДИЈА ОД ЕВН МАКЕДОНИЈА

13.06.2017

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола (УКЛО), ја продолжува успешната соработка со бизнис окружувањето како претпознатлив елемент во неговото функционирање. Во рамките на ваквите активности, компанијата ЕВН Македонија додели уште една стипендија за студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.

За академска 2016/2017 година, стипендијата доделена е на Марија Наумоска, студент во прва година на електро-техничкиот отсек при Техничкиот факултет Битола, единица на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.

Процесот на доделување на стипендии се одвива во соработка со КРЕДО центарот (Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при УКЛО) кој претставува мост помеѓу Универзитетот, бизнис заедницата и студентите.

Ваквата успешна соработка со оваа реномирана компанија, воспоставена е уште во 2011-та година со потпишувањето на Меморандум за соработка, а од академската 2011/2012 година започнува и процесот на стипендирање на студенти на нашиот универзитет.

На ваков начин, УКЛО во соработка со бизнис заедницата, ги мотивира студентите за постигнување на повисоки резултати и им отвора можност за нивно професионално надoградување. Во рамките на оваа активност е и реализацијата на  практикантска работа, што им овозможува на студентите поблиску да се запознаат со работата на компанијата.

Практиката на доделување стипендии од бизнис заедницата за студентите на УКЛО, се реализира како резултат на секојдневниот ангажман на воспоствување на нови и продлабочување на постојните контакти со бизнис и не бизнис заедницата во нашето општество а при тоа препознавајќи го квалитетот.


Scroll to Top