„ОД СТУДЕНТИТЕ НА УКЛО ЗА ОПШТЕСТВОТО“

Главна цел на Универзитетската студентска конференција за студентите од прв и втор циклус на студии е подобрување на степенот како на индивидуална така и на тимска работа, поврзување и размена на студентите помеѓу единиците, но и помеѓу универзитетите во државата и регионот. УСК ќе овозможи подигнување на свеста за глобалните промени и потреби, создавање на способност за анализа, синтеза и извлекување на сознанија за одредена проблематика и ќе влијае на личниот развој и на идниот професионален раст на студентите на УКЛО.

Со овој пристап им помагаме на студентите да се стекнуваат со искуство за донесување на соодветни одлуки и решенија како идни академски граѓани.

2023