Универзитетски турнири во пинг-понг, шах и пикадо 2022

На 17. ноември, Меѓународниот ден на студентите, на УКЛО се одржа традиционалниот Универзитетски спортски турнир во пинг-понг, шах и пикадо.  Натпреварите се одржаа во спортската сала „Павел Шатев“ во Битола и во простории на Студентскиот дом „Кочо Рацин“ – Битола. 

На Турнирот покрај 30–на студенти, учество зедоа и професори и вработени во единиците на УКЛО и студенти од Грција и Албанија кои беа  гости на Педагошкиот факултет – Битола.