Почетна/Укло/Основни информации/Обележја на универзитетот

Обележја на универзитетот

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола има свој грб, знаме, ректорски инсигнии, ректорска тога и свечена одора за лицата на кои им се доделува звање почесен професор/почесен доктор и лицата кои се промовираат во доктори на науки.

Грбот на Универзитетот симболизира прогрес, наука, историја и писменост и се употребува на знамето, дипломите, плакетите, признанијата на меморандумите и изданијата на Универзитетот. Грбот е дело на академскиот сликар Симеон Силјановски, поранешен декан на Педагошкиот факултет – Битола.

Знамето има правоаголна форма, со златно-жолта боја и го содржи грбот на Универзитетот.

Ректорот ги носи инсигниите (позлатен ѓердан со симболи за дејноста на Универзитетот и амблемот во средината) на званичните церемонии со кои претседава, како и на сите церемонии на кои го претставува Универзитетот.

Претседателот на Сенат и проректорите, исто така, имаат свои одори, како и деканите/директорите на единиците во состав на Универзитетот.

Патрониот празник е 8 Декември, Ден на св. Климент Охридски.