Мисија и визија
Универзалната мисија на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, се состои во генерирање на знаење и наука како и создавање и негување на културни вредности во општеството. Во тие рамки, основната мисија на Универзитетот претставува квалитетно образование на млади кадри во квалификувани и компетентни стручњаци спремни да конкурираат на националниот и меѓународниот пазар на труд.
Од ваквата мисија произлегува и визијата за интегриран Универзитет којшто треба да претставува:
- Академска заедница на слободни поединци: наставници, истражувачи, студенти;
- Интегриран универзитет во националното и меѓународно окружување;
- Универзитет со висок степен на внатрешна институционална соработка и координација;
- Транспарентен кон надворешниот свет;
- Универзитет со успешно имплементирани европски и интернационални стандарди;
- Универзитет со обезбеден квалитетен наставно-научен процес;
- Универзитет со постигната флексибилност и динамичност во процесот на учење и степените на образование;
- Универзитет чиишто студиски програми ќе бидат академски и професионално признати;
Со еден збор, Универзитет со адекватно валоризирана улога и позиција во општеството.