Универзитетски сенат

Универзитетскиот Сенат е највисок орган на управување на Универзитетот.
Сенатот го сочинуваат претставници од единиците на Универзитетот, од придружните членки и од Универзитетското студентско собрание. Член на Сенатот може да биде лице избрано во наставно-научно, наставно-стручно, научно или наставно звање и редовен студент на Универзитетот во моментот на изборот. За член на Сенатот не може да биде избрано лице кое е избрано за декан, продекан или директор на единица на Универзитетот. Ректорот и проректорите се членови на Сенатот по функција, без право да учествуваат во одлучувањето и без право да бидат избрани за претседател на Сенатот. Во работата на Сенатот учествува и Генералниот секретар без право на одлучување.

Во Сенатот на Универзитетот студентите се застапени со 15% од бројот на членовите на Сенатот од единиците на Универзитетот. Научните институти, придружни членки на Универзитетот, во Сенатот се застапени со по еден претставник од редот на научните советници. Другите придружни членки на Универзитетот се застапени во Сенатот со по еден претставник, кој треба да има најмалку високо образование.

Претседателот на Сенатот е одговорен за законитоста и статутарноста во работењето на Сенатот. Вршењето на должноста Претседател на Сенат е неспоиво со вршењето на друга државна функција или функција во политичка партија. Претседателот на Сенатот се избира од редот на сенаторите со тајно гласање, за период од една година, со право на уште еден избор.

Претседател на Сенатот на УКЛО е вонр. проф. д-р Светлана Вељановска, Правен факултет.