Почетна/Укло/Издавачка дејност/Списание Хоризонти

Списание Хоризонти

Научното списание Хоризонти, замислено најпрво како годишно, со издавањето во април 2005 година, ја оправда поведената иницијатива за поголемо  доближување на науката до Универзитетот и во таа насока, почна да се создава позитивна пракса за презентирање на стручните и научните активности и резултати со објавување заокружени целини од одредени научни истражувања. Со ваквото претставување, целокупната академска јавност има можност да ги добива потребните информации и се сензибилизира кон идејата за интегрирање на научно-истражувачката работа во секојдневното функционирање на Универзитетот.

Од 2011 година Хоризонти доби меѓународен карактер. Со трансформација на списанието во меѓународно се создадоа услови за продлабочување на процесите на интернационализација на Универзитетот како и јакнење на соработката со други универзитети во светски рамки. Доказ за тоа е составот на меѓународниот уредувачки одбор кој брои еминенти професори и научници од реномирани универзитети кои дадоа свој придонес во новиот лик на меѓународното списание.

Трудот се доставува во електронски облик, на електронска адреса horizonti@uklo.edu.mk на македонски и англиски јазик за македонски автори, додека за автори надвор од земјата трудот се доставува на англиски јазик (без правописни и печатни грешки). Во електронската верзија ќе има објвено трудови и на македонски и на англсики јазик.

Апстрактот треба да содржи до 150 зборови. Текстот на трудот се подготвува во Microsoft Word за Windows, фонт  Times New Roman со македонска поддршка.

Димензии на страницата: формат А-4, маргини: лева и десна: 4,5, горна: 6 а долна маргина: 5.

Бројот на страници не смее да биде поголем од 10,

Технички обработки на трудот:

  1. Наслов: фонт 14 pt, bold, all caps, centre
  2. Еден празен ред 11 pt
  3. Автор: 12 pt bold centre
  4. Адреса, назив на установата, место, е-мail на авторот (11 pt centre)
  5. Еден празен ред 11 pt
  6. Апстракт: 11pt, bold centre (на македонски јазик)
  7. Апстракт: 11pt, bold centre (на англиски јазик)
  8. Еден празен ред
  9. Текст на апстрактот: 11 pt, tab stop position 0.5 cm, justify
  10. Клучни зборови: не повеќе од 5,
  11. Празен простор 3×11 pt
  12. Вовед и наслов на секое следно поглавје: без нумерација, all caps centre
  13. Еден празен ред 11 pt
  14. Текст на трудот, 11 pt tab position 0.5 cm, justify
ЛИТЕРАТУРА 11 pt all caps centre (пр. Avelini Holjevac, 1. Kvaliteta izdravstveni turizam, br. 1. Zagreb, str, 57-62, 2001.)