Home/UKLO Trivium

UKLO Trivium

Унивезитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола, во рамки на одбележувањето на 1100 години од упокојувањето на патронот, Св Климент Охридски, на 15 април 2016 година организираше Ораторски ден за студентите – УКЛО ТРИВИУМ.

На натпреварот учествуваа 17 говорници од: Правниот факултет, Факултетот за безбедност, Педагошкиот и Економскиот факултет. Темата на која се подготвуваа говорниците е: „На патот кон Европската Унија – можности и предизвици за Република Македонија“.

За најдобри говорници беа прогласени: Филип Ристески од Педагошкиот факултет (прво место), Лина Димоска од Економскиот факултет (второ место) и Марија Николовска од Педагошкиот факултет (трето место).

Најдобрите говорници ќе го претставуваат УКЛО на македонскиот студентски собир, што по повод Денот на Европа ќе се одржи на  4 мај, чиј домаќин годинава, е нашиот Универзитет.

Говорничките и реторички способности на студентите ги оцени посебна Комисија во состав: доц. д-р Моника Ангелоска-Дичовска, проф. д-р Оливера Костоска и доц. д-р Мирјана Ристовска.

На 24 април 2017 година на Педагошкиот факултет  се  одржа вториот по ред натпревар во ораторство УКЛО ТРИВИУМ.

Вкупно 17 говорници од Правниот, Педагошкиот, Економскиот, Факултетот за безбедност и Високата медицинска школа се натпреваруваа на тема, ЈАС СУМ СТУДЕНТ. ИМАМ ПРАВО НА ИЗБОР ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА!

За најдобри говорници се прогласени:

Моника Нелческа од Педагошкиот факултет – прво место,

Лина Димоска од Економскиот факултет – второ место и

Симона Видановска, од Правниот факултет – трето место.

Петнаесет студенти од неколку единици на УКЛО учествуваа на третиот по ред натпревар во ораторство УКЛО ТРИВИУМ, на тема: Quo vadis, студенту?  Правата на студентите во 21 – от век! 

За најдобри оратори прогласени се студентите:

Снежана Секуловска од Правниот факултет, прво место,

Ирена Митревска Димовска, од Педагошкиот факултет, второ место и

Сара Димеска, од Економскиот факултет, трето место.