Клучната улога на Центарот за Кариера, Алумни и Доживотно учење, познат под акронимот КРЕДО центар е: да им помогне на студентите на Универзитетот „Св.Климент Охридски“- Битола во развивањето на знаења и вештини кои ќе им бидат потребни при вработувањето; преку можноста за практикантство во компаниите, да им помогне во стекнување на работно искуство за време на студирањето; да ги запознае со деловниот свет и да ги подготви студентите за успешна транзиција кон следното ниво на развој на кариерата по дипломирањето.

Ова го постигнуваме преку:

Пристап до најновите информации за занимања, слободни работни места, стипендии, практиканства, како и информации за продолжување на вашето образование и користење на услугите преку програмата за  доживотно учење

Објективни и доверливи совети, при изборот на кариера и помош при осмислувањето и примената на реалните планови за развојот на кариерата.

Организирање работилници, кратки курсеви, интервјуа и презентации на работодавачите, со цел да им се помогне на студентите подобро да го разберат светот на бизнисот и да ги совладаат вештините потребни за организирање и успешно водење на своите кариери.

 

УСЛУГИ ЗА СТУДЕНТИ

 

- Помош при составување биографии, CV, пропратни писма, апликации за работа.

- Индивидуално советување на студентите во развојот на кариерата.

- Презентација на познати менаџери од деловниот свет - “Мојата успешна приказна“;

- Психолошко советување при донесување на важни одлуки, подигнување         на сопствените вредности, способности и потенцијали со цел постигнување подобра самосвест и надминување на можните недостатоци како би се подобриле можностите за идно вработување итн.

- Совети и подготовка за интервју за работа.

- Организирање на работилници, семинари за обука за меки вештини и развој на кариера, предавања и групни работилници со цел развој на вештини потребни за полесно вработување.

- Информации за работни места,  практикантства,  волонтерство,  стипендии.

- Презентации на компании и средби со работодавачи како и организирање состаноци со компаниите, со цел запознавање на студентите со потребните знаења и вештини кои се предуслов за успешна кариера.

- Брошури со совети за вработување и развој на кариера.

- Корисна литература. КРЕДО центарот располага со определен фонд на литература од областа на бизнис вештини, комуникација и развој на кариерата.

- Соодветно опремен простор со компјутерска опрема, опрема за презентација и постојана интернет конекција која нуди можност за пребарување на деловни бази на податоци, сајтови со информации за тековни стипендии, обуки или семинари.

- Можност за креирање на профил со биографија во базата на КРЕДО Центарот со цел регистрација во истата и полесен пристап до работодавачите.


Scroll to Top