Еден од приоритетите во развојот на Универзитетот „Св. Климент Охридски” претставува фокусирањето кон научното и апликативното истражување како многу значајна и неделива компонента од севкупниот наставно-образовен и научно-истражувчки процес на Универзитетот. Во оваа смисла, визија на УКЛО е создавање оптимални услови за т.н. „поттикнувачко, мотивирачко“ научно опкружување. Ваквиот тренд ќе овозможи воспоставување силни и одржливи врски помеѓу академските институции и стопанските субјекти, развивање вештини за практична работа, а на долг рок конвертирање на знаењето и експертизата во конкретни решенија.

Во овој контекст, услов без кој што не се може претставува развивањето и активирањето на постојните, но и воспоставувањето нови научно-истражувачки лаборатории. Ваквиот процес е во функција на структуирање и побрз развој на истражувачката дејност и образование во специфичните области и полиња на одделни научни дицсиплини водејќи притоа сметка за стратегиите, целите и стандардите што се дефинирани на ниво на Универзитетот/Факултетот, за овозможување соодветно образование на студентите, но и како одговор на потребите на опкружувањето- заедницата. 

УКЛО располага со 26 лаборатории и 4 центри наменети за реализација на научно-истражувачките активности на вработените академски кадри и студентите на Универзитетот. Лабораториите ја поддржуваат реализацијата на наставните активности на факултетите, практичната работа во нив е комплементарна на теоретската настава, а крајните корисници-студентите се запознаваат со основните процедури за работа во областа во која студираат и ги развиваат своите вештини за практична работа.

 Лабаратории и центри на УКЛО/UKLO Laboratories and centers


Scroll to Top