Сенат на Универзитетот

Универзитетскиот Сенат е орган на управување и стручен орган на Универзитетот.
Сенатот го сочинуваат претставници од единиците на Универзитетот, од придружните членки и од Универзитетското студентско собрание. Член на Сенатот може да биде лице избрано во наставно-научно, наставно-стручно, научно или наставно звање и редовен студент на Универзитетот во моментот на изборот. За член на Сенатот не може да биде избрано лице кое е избрано за декан, продекан или директор на единица на Универзитетот. Ректорот и проректорите се членови на Сенатот по положба, без право да учествуваат во одлучувањето и без право да бидат избрани за претседател на Сенатот. Во работата на Сенатот учествува и Генералниот секретар без право на одлучување.

Во Сенатот на Универзитетот студентите се застапени со 15% од бројот на членовите на Сенатот од единиците на Универзитетот. Доколку при утврдувањето на бројот на студенти се појават децимали, се врши заокружување на бројот на следниот начин: ако првата децимала е помала од 5 се заокружува на претходниот цел број, а ако истата е еднаква или поголема од 5 се заокружува на следниот цел број. Научните институти, придружни членки на Универзитетот, во Сенатот се застапени со по еден претставник од редот на научните советници. Другите придружни членки на Универзитетот се застапени во Сенатот со по еден претставник, кој треба да има најмалку високо образование.

Претседателот на Сенатот е одговорен за законитоста и статутарноста во работењето на Сенатот. Вршењето на должноста Претседател на Сенат е неспоиво со вршењето на друга државна функција или функција во политичка партија. Претседателот на Сенатот се избира од редот на сенаторите со тајно гласање, за период од една година, со право на уште еден избор.

Претседател на Сенатот на УКЛО е проф. д-р Пеце Николовски, Економски факултет.


Scroll to Top