Меѓународни конференции

Меѓународен летен универзитет на УниПриштина

Универзитетот во Приштина отвори повик за учество на Меѓународен летен универзитет (6 – 17 јули2020) за сите заинтересирани академски кадри, на теми од сите академски области. Апликациите, авоедно и сите дополнителни информации во врска со Летниот универзитет се достапни на следниовлинк https://uni-pr.edu/page.aspx?id=1,4,914. Апликациите се очекува да се достават на следнава е-пошта: mirjeta.kuci@uni-pr.edu најдоцна до 2 декември 2019.

 

Годишна INTED2020 Конференција

14. Конференција посветена на технологија, образование и развој, INTED2020, како годишен собир на академски и научно-истражувачки кадри, стручњаци и професионалци во областа на образованието, развојот и иновациите и новите техники на учење, наредната 2020 ќе се одржи во периодот помеѓу 2 – 4 март, во Валенсија, Шпанија.

Повикот за поднесување апстракти, по електронски пат, на линкот https://iated.org/inted/online_submission,  е 21 ноември 2019.

Зборникот на трудовите објавени на Конференцијата ќе бидат рецензирани за во Web of Science (како што е случај и со претходните изданија на Конференцијата), додека секој прифатен труд ќе добие DOI број.

Организационен одбор на Конференцијата

Email: inted2020@iated.org

Website: https://iated.org/inted/

 

 

Летна школа за студенти на докторски студии

Во периодот 2 – 6 септември 2019, Аристотел Универзитетот од Солун организира Летна школа за докторски студенти на теми поврзани со климатските влијанија и промени, производството на чиста енергија и одржливото стопанисување со ограничените ресурси.

Информации за Школата може да се добијат на следниов линк: www.kathes-research.eu, додека апликациите ќе се примаат, online, до 31 мај 2019 на www.kathes-research.eu/application.php.

 

Повеќе

 

повеќе


Scroll to Top