Факултетски студентски собранија/Студентско собрание на висока стручна школа

Факултетското студентско собрание е тело на факултетот во кое членуваат претставници на студентите. Претставниците во факултетското студентско собрание се избираат на непосредни, фер и демократски избори со тајно гласање.  Право да избираат и да бидат избрани за членови на факултетското студентско собрание имаат сите студенти на факултетот, кои се запишани на студии во учебната година во која се избира факултетското студентско собрание.  Мандатот на членовите и на претседателот на  факултетското студентско собрание трае една година, со право на уште еден избор.  Изборот на членовите и на претседателот на факултетското студентско собрание се одржува секоја година во термин утврден со статутот на универзитетското студентско собрание. Изборите за членовите на факултетското студентско собрание ги распишува деканот во рок од 30 дена пред нивното одржување. Во одлуката за распишување на избори Деканот именува  изборна комисија  составена од студенти и наставници, односно соработници која ги спроведува изборите за членови на факултетското студентско собрание. Мнозинството на членови на изборната комисија ја сочинуваат студентите. Доколку деканот на факултетот не ги распише изборите за факултетското студентско собрание во рокот определен во ставот на овој член, изборите ги распишува ректорот на универзитетот во рок од три дена од истекот на рокот на овој член. Постапката за избор и бројот на членовите на факултетското студентско собрание, како и органите на факултетското студентско собрание и начинот  на нивниот избор се уредуваат со статутот на факултетот во согласност со статутот на универзитетот. Факултетското студентско собрание има статут, кој студентското собрание го донесува по претходна  согласност од наставно-научниот совет на факултетот. Заради остварување на правата и  заштита на интересите на студентите, факултетското студентско собрание ги избира и разрешува претставниците на студентите во органите на факултетот, во согласност со закон, со статутот на универзитетот и статутот на факултетот. Работата на факултетското студентско собрание се финансира со средства на факултетот во рамките на кој делува факултетското студентско собрание. Со факултетското студентско собрание претседава претседател кој се избира на непосредни и тајни избори. Претседателот на факултетското студентско собрание ги извршува одлуките на факултетското студентско собрание, ги застапува студентите и факултетското студентско собрание и е одговорен за неговата работа.  

Студентското собрание на висока стручна школа е тело на високата стручна школа   во кое членуваат претставници на студентите. Постапката за избор и бројот на членовите на студентското собрание на високата стручна школа, како и органите на студентското собрание на високата стручна школа и начинот  на нивниот избор се уредуваат со статутот на високата стручна школа, во согласност со статутот на универзитетот. Студентското собрание на високата стручна школа има статут, кој студентското собрание го донесува по претходна  согласност од наставничкиот совет на високата стручна школа. Право да избираат и да бидат избрани за членови на студентското собрание на високата стручна школа имаат сите студенти, кои се запишани на студии во учебната година во која се избира студентското собрание на високата стручна школа.  Мандатот на претседателот и на членовите на  студентското собрание на високата стручна школа трае една година, со право на уште еден избор. Работата на студентското собрание на високата стручна школа  се финансира со средства на високата стручна школа во рамките на која делува студентското собрание. Изборот на членовите на студентското собрание на високата стручна школа се одржува секоја година во термин утврден со статутот на студентското собрание, со тајно и непосредно гласање. Изборите за членовите на студентското собрание на високата стручна школа ги распишува директорот во рок од 30 дена пред нивното одржување. Во одлуката за распишување на избори директорот именува изборна комисија составена од студенти и наставници која ги спроведува изборите за членови на студентското собрание. Мнозинството на членови на изборната комисија го сочинуваат студентите. Доколку директорот на високата стручна школа не ги распише изборите за студентското собрание во рокот определен на овој член, изборите ги распишува ректорот на универзитетот во рок од три дена од истекот на рокот на овој член. Доколку директорот на самостојната висока стручна школа не ги распише изборите за студентско собрание во рокот определен) на овој член, изборите ги распишува претседателот на студентското собрание во рок од 3 дена од истекот на рокот на овој член. Заради остварување на правата и заштита на интересите на студентите,  студентското собрание ги избира и разрешува претставниците на студентите во органите на високата стручна школа, во согласност со закон, со статутот на универзитетот и стаутот на високата стручна школа.


Scroll to Top