#УКЛО, универзитетското студентско собрание, континуирано работи на подобрување на студентскиот живот и можностите за здрав дух и тело на студентите. За првпат, УКЛО им овозможува на СТУДЕНТИТЕ ДА ТАНЦУВААТ. Во соработка со танцовиот спортски клуб ТСК СТЕП АП студентите ќе научат се што ги интересира за танцот, а ќе ги подобрат и своите танцувачки вештини за апсолвентската вечер.

Часовите кои ќе се одржуваат два пати неделно во месеците март, април и мај  ќе ги водат лиценцирани тренери, а креирани се со цел да им помогнат на студентите да го намалат стресот пред испит, да ја ослободат енергијата и да бидат среќни.

Што е танцот? – Холистичка активност на умот, телото и душата.

Зошто да практикувам танц? – Танцот го намалува стресот, ја ослободува енергијата, го поттикнува ендорфинот и ве прави среќни
Кој треба да танцува?– Секој кој се стреми кон личен напредок, кој има потреба од подобрување на самодовербата, зголемување на концентрацијата, развивање на тимскиот дух, позитивно размислување, дисциплината, држењето и говорот на телото.
Дали танцот е спорт? – Секако, и тоа еден од најкомплексните. Ја подобрува општата кондиција, издржливоста, ги тонира мускулите, одличен е кардио фитнес, ја зголемува флексибилноста на телото.
Подеднакво важен и за машкиот и за женскиот пол! Исклучително корисен за сите студенти и студентки на УКЛО!

Заинтересираните студенти имаат неколку можности за пријавување и тоа:

  • во Факултетското студентско собрание на единицата на УКЛО кадешто студираат;
  • кај Душан Стевановски, претседател на Универзитетското студентско собрание на e-mail stevanovski@uklo.edu.mk; или
  • кај Даниела Андоновска Крстанова, Виш соработник за кариера, алумни и доживотно учење на e-mail krstanova@uklo.edu.mk

со:

– име/презиме

– емаил

– контакт телефон

– факултет и година на студии

најдоцна до 15-ти март 2023 година.