Договори за соработка

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, директно или преку своите единици, воспоставува, негува и развива релации на соработка со бројни високообразовни и научни институции од земјите во Регионот, земјите членки на ЕУ и пошироко на глобално ниво. Соработката, на билатерално и мултилатерално ниво, се базира на потпишување договори за соработка со странски универзитети, но и со други установи, асоцијации и фондации чиишто интереси тангираат прашања поврзани со високото образование и научно-истражувачките активности.