Почетна/Соработка/Дополнителни информации/Програми, стипендии и грантови

Програми, стипендии и грантови

КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИИ НА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА ЗА СТУДИИ ВО ФРАНЦИЈА 2022/2023

Конкурсот е отворен за кандидати од Република Северна Македонија заинтересирани за мастер студии на високоообразовните институции во Република Франција за академската 2022/2023. Стипендијата што ја доделува Француската влада ги покрива трошоците за школарина и за живеење за период од максимум девет месеци, но  статусот стипендист на Француската влада обезбедува и други предности и поволности (сместување во студентски дом, здравствено осигуривање и слични услуги).

Сите информации поврзани со процесот на аплицирање се достапни на страната на Францускиот институт во Скопје (https://www.ifs.mk/appel-a-candidatures-aux-bourses-du-gouvernement-francais-2020-2021/), а крајниот рок за аплицирање е 15 мај 2022.

Стипендии за мастер програми на Универзитетот Grenoble Alpes

Францускиот Универзитет Grenoble Alpes, преку Францускиот институт во Скопје објавува повик за аплицирање за стипендии за кандидати што ќе се пријават и ќе бидат примени на следниве двегодишни мастер програми, на аглиски јазик:

TERRA https://www.univ-grenoble-alpes.fr/about/ambition-and-strategy/graduate-school/terra-1024213.kjsp?RH=1626700883222

QUANTUM https://www.univ-grenoble-alpes.fr/about/ambition-and-strategy/graduate-school/quantum-931600.kjsp?RH=1626700883222

SOFTNANO https://www.univ-grenoble-alpes.fr/about/ambition-and-strategy/graduate-school/soft-nano-928851.kjsp?RH=1626700883222

Дополнителни информации за програмите може да се добијат и во Францускиот институт во Скопје www.ifs.mk .

Eugen Ionescu scholarship programme for doctorate and post doctorate studies

The Embassy of Romania to the Republic of North Macedonia has the pleasure to announce the launching of the 2022 edition of the Eugen Ionescu scholarship programme for doctorate and post doctorate studies, granted by the Ministry of Foreign Affairs of Romania in cooperation with the Francophone University Agency (AUF).

Useful information about the programme objectives, application and necessary supporting documents can be found on https://www.auf.org/nouvelles/appels-a-candidatures/bourses-de-recherche-doctorale-et-postdoctorale-eugen-ionescu-appel-candidatures-2022/. The deadline for submitting the candidatures is 11 March  2022.

COST Билтен- јули 2020

Настани и најнови информации за COST Акциите на следниот линк.

Online летна школа на Западниот универзитет во Темишвар

Во контекст на актуелната ситуација и мерките за превенција на ширењето на корона вирусот, Летната школа на Западниот университет во Темишвар, Романија одлучи истата да се одвива online во периодот помеѓу 31 август и 13 септември 2020 и да ја намали котизацијата за учество на 75 евра.

Краен рок за пријавување: 31 јули 2020.

Флаер.

Повеќе информации за Школата и за начинот на пријавување на http://ri.uvt.ro/west-university-of-timisoara-late-summer-school/

ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ во рамки на Програмата Хоризонти2020

COST Билтен-јуни 2020

Најнови информации за COST Акциите и COVID-19 во специјалното издание на COST Билтенот од јуни 2020, и тоа на сл.линк:

http://qopg.mjt.lu/nl2/qopg/mi2oz.html?m=AMUAAHglStUAAcrEd0AAAAH80AAAAAAF-KUAAIleAAoK7QBe-13_LGHJIbOmQ6yojnP3Kdr-CwAJjyM&b=577e379e&e=7d872b31&x=_Qrsd9fTuvzevOtRD3eaygAeXHRkdoyo-klJAG6VB6Q

Меѓународна летна школа во Клуж-Напока, Романија

Во периодот од 03 до 07 август, Факултетот за бизнис администрација на Универзитетот Бабеш Болјаи во Клуж-Напока организира летна школа за студенти, којашто поради светската пандемија на ковид-19, оваа година ќе се одржи online. Со тоа, на студентите им се овозможува да учествуваат на овој настан од дома.

Централна тема на овогодишната летна школа ќе бидат теми од областа на стратегиите на продажба, практики на менаџмент на човечки ресурси, меѓународен проектен менаџмент и културолошки димензии на менаџментот со посебен осврт на Источна Европа.

Повеќе информации на следниот линк  www.econ.ubbcluj.ro/summerschoolovidiu.bordean@econ.ubbcluj.ro