СТУДЕНТСКА АКТИВНОСТ 19.10.2022

Успешно реализирана симулација на ,,Енергетски самит”!

Студентите на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ -Битола со својата проактивност, креативност и ревност за промени, потврдија дека високото образование и едукацијата на младите е срцето за развој на државата.

Студентите на УКЛО, покажаа дека Универзитетот и помага на економијата, помага на општеството и воедно ги развива нивните вештини, знаења и способности за решавање на проблемите.

 „ДА БИДЕМЕ СВЕСНИ ДЕКА СО ОДЛУКАТА ШТО ЌЕ ЈА ДОНЕСЕМЕ, ВСУШНОСТ СОЗДАВАМЕ!“ e пораката која студентите на УКЛО ја упатуваат до носителите на одлуки.