
Студентски Информативен Центар УКЛО
Студентскиот информативен центар е во комплетна служба на сите студенти, кои добиваат на располагање соодветен, свој простор кој има потенцијал да прерасне во средиште за идејност, содржински средби и разговори, за сите видови наставни и воннаставни активности, работилници, клубови, конференциски средби, за сè она што ќе поттикнува и внесува академска исполнетост на студентското живеење.