Cross-border Cooperation Program (IPA)

ИПА Програмите за прекугранична соработка се еден од инструментите за претпристапна помош, чијашто цел е поддршка на прекуграничната соработка, помеѓу земјите ЕУ членки и земјите кандидати или потенцијални кандидати за влез во ЕУ. Во рамките на овие програми е и ИПА Програмата за прекугранична соработка на нашата земја со РГрција, во којашто Универзитетот активно учествува на отворени повици, како и во реализација на проекти и тоа во двата последователни програмски периоди, 2007 – 2013 и 2014 – 2020 г. Станува збор за учество во сл.инструменти за претпристапна помош:

ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу РГрција и РМакедонија за периодот од 2007-2013 година, чијашо општа цел е подобрување на конвергенцијата во областа на Програмата, преку промовирање одржлив локален развој, имајќи ги предвид потребата од специфицирање и фокусирање на социо – економската димензија од една страна и на неразделната целина на природата и културата и нивните интеракции во областа на Програмата, од друга страна. Програмата е одобрена од Европската Комисија на 05/09/2008 г. со Одлука С (2008) 4717 и за истата е предвиден вкупен буџет од 21 386 276, 00 евра, од коишто 16 222 534,00 евра (85%) се ЕУ инвестиции, 4 568 581,00 евра (15%) Национален јавен придонес. Програмата е фокусирана/насочена кон три приоритетни оски и тоа: Подобрување на прекуграничниот економски развој, Подобрување на ресурсите на животната средина и културното наследство од програмската област и Техничка поддршка.

ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу РГрција и РСМакедонија за периодот од 2014-2020 година, којашто ја поддржува соработката помеѓу двете земји и чијашо општа цел е зајакнување на територијалната кохезија преку подобрување на животните стандарди и можностите за вработување, имајќи ги предвид животната средина и користењето природни ресурси за надоградување на туристичките производи. Програмата е одобрена од Европската Комисија на 06/08/2015 г. со Одлука С (2015) 5655 и за истата е предвиден вкупен буџет од 45 470 066, 00 евра, од коишто 38 649 552,00 евра (85%) се ЕУ поддршка, а 6 820 514,00 евра (15%) Национална поддршка. Програмата е фокусирана/насочена кон три приоритетни оски и тоа: Развој и поддршка на локалната економија, Заштита на животната средина – Транспорт и Техничка поддршка.

Официјален линк на Програмата: https://www.ipa-cbc-programme.eu/

Список со национални контакт лица за Програмата: https://www.ipa-cbc-programme.eu/com/26_Programme-management-

Преглед на проекти реализирани на УКЛО во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка со РГрција (Преземи).

Процедура на УКЛО за поддршка и реализација на проекти (Преземи).