Horizons Magazine

Научното списание Хоризонти, замислено најпрво како годишно, со издавањето во април 2005 година, ја оправда поведената иницијатива за поголемо  доближување на науката до Универзитетот и во таа насока, почна да се создава позитивна пракса за презентирање на стручните и научните активности и резултати со објавување заокружени целини од одредени научни истражувања. Со ваквото претставување, целокупната академска јавност има можност да ги добива потребните информации и се сензибилизира кон идејата за интегрирање на научно-истражувачката работа во секојдневното функционирање на Универзитетот.

Од 2011 година Хоризонти доби меѓународен карактер. Со трансформација на списанието во меѓународно се создадоа услови за продлабочување на процесите на интернационализација на Универзитетот како и јакнење на соработката со други универзитети во светски рамки. Доказ за тоа е составот на меѓународниот уредувачки одбор кој брои еминенти професори и научници од реномирани универзитети кои дадоа свој придонес во новиот лик на меѓународното списание.