Предавање на тема „РАНОТО ОТКРИВАЊЕ – СПАСУВА ЖИВОТ“ – 25.10.2022

УСС УКЛО со здружението „Лига за борба против ракот“ од Битола организира едукативно предавање во рамки на кампањата за подигање на свеста за ракот на дојка.

На настанот што се одржа на 25.10.2022 г. на Високата медицинска школа, стручно излагање изнесе д-р Александар Димовски, специјалист по радиодијагностика. Тој пред присутните говореше за препознавање на болеста со цел навремено откривање и начините на  превенирање,  особено затоа што  забрзано расте бројот на афектирани пациенти меѓу кои и девојки во раните дваесетти години.