Отворен Студентски информативен центар на УКЛО

Студентите на УКЛО добија свој Студентски информативен центар, прв од ваков вид на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Од УКЛО нагласуваат дека СИЦ е во комплетна служба на сите студенти, со него добиваат на располагање соодветен, свој простор кој има потенцијал да прерасне во средиште за идејност, содржински средби и разговори, за сите видови наставни и воннаставни активности, работилници, клубови, конференциски средби, за сè она што ќе поттикнува и внесува академска исполнетост на студентското живеење.