ПОВИК за аплицирање за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата

12.07.2021

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

  ПОВИК

за аплицирање за мобилност во рамките на ERASMUS+ Програмата

 

Врз основа на обновената Повелба за високо образование за периодот 2021-2027 (Erasmus Charter for Higher Education 2021-2027) и доставената апликација за учество во Програмата за мобилност,  

 

УКЛО објавува

 ПОВИК

за аплицирање за мобилност во рамките на Е+ Програмата  

КА131: Индивидуална мобилност за учење, Високо образование  

Мобилност на ВОИ во програмски земји

 Академска 2021/2022

(летен семестар)

 

- мобилност на студенти за студирање (SMS)

- мобилност на студенти за стажирање (SMP)

- мобилност на академски кадри за настава (ЅТА)

- мобилност на кадри за обука (ЅТТ)

 
Времетраење на мобилноста

 

1. За студенти: семестар (студентите може да реализираат мобилност од збирно 12 месеци по циклус)

2. За кадри: пет работни денови со минимум осум часови настава

 

За 2021/2022, мобилноста на студентите и кадрите треба да се планира само за летниот семестар на академската година.

 

Врз основа на потпишаните Е+ интеринституционални договори со партенрските институции од програмските земји, право на пријавување имаат:

 

- редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на мобилноста), втор или трет циклус за мобилност за студирање, а за стажирање и студенти што дипломирале во годината на објавување на Повикот

 

- академски и други кадри во редовен работен однос на УКЛО.

 

Студентите и кадрите се пријавуваат за мобилност врз основа на договорите потпишани од нивните матични институции (листа на потпишани интер-институционални договори).

Потребни документи за пријавување на студенти

  • Потврда за редовен студент
  • Уверение за положени испити
  • Мотивациско писмо
  • Документ/потврда за познавање англиски или јазикот на институцијата каде што ќе се реализира мобилноста
  • Договор за студирање (Learning Agreement for studies) во којшто се утврдува студиската програма, периодот на реализација, потпишан од страна на студентот, на факултетскиот координатор и институционалниот координатор на матичната институција и од страна на партнерскиот универзитет (најмалку 20 ЕКТС) / Договор за стажирање (Learning Agreement for Traineeship)

 

Потребни документи за пријавување на кадри

  • Потврда за редовен работен однос
  • Договор за мобилност за наставен ангажман (Staff Mobility Agreement for Teaching) – потпишан од страна на кандидатот, факултетскиот и инститционалниот Е+ координатор и одобрен и потпишан од страна на институцијата партнер / Договор за мобилност на кадри за обука (Staff Mobility Agreement for Training) – потпишан од страна на кандидатот, факултетскиот и инститционалниот Е+ координатор и одобрен и потпишан од страна на институцијата партнер

 

Сите документи се достапни на web страницата на УКЛО (www.uklo.edu.mk) во рубриката Меѓународна соработка / ERASMUS +.

Првичната селекција / рангирање на кандидатите ја прави факултгетот врз основа на академскиот успех, познавањето странски јазик и мотивацијата за учество во Програмата. При одлучувањето за академскиот кадар, предност треба да имаат кандидатите коишто аплицираат за првпат и досега не користеле Е+ стипендија.

Кандидатите ја поднесуваат апликацијата (исклучиво за мобилност во текот на летниот семестар на академската 2021/2022) до Е+ координаторот на матичниот факултет (листа на Е+ координатори), најдоцна до 5 октомври 2021, додека краен рок за поднесување на рангираните апликации од страна на факултетите до Ректоратот на УКЛО е 10 октомври 2021.

 

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола


Scroll to Top