УКЛО ПРОДОЛЖУВА СО НОВИ СОРАБОТКИ СО ДЕЛОВНАТА ЗАЕДНИЦА

02.07.2021

Дека УКЛО не застанува во унапредувањето и воспоставување на нови соработки со деловната заедница, потврда е и потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и БИМИЛК, реномирана компанија од млекопреработувачката индустрија.

Договорот за соработка го потпишаа Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола проф. д-р Сашо Коруновски и генералниот менаџер на БИМИЛК г-нот Ѓорги Петрушев.

Потпишувањето на Меморандумот за соработка со оваа реномирана компанија претставува уште една алка во ланецот мерки кои актуелното раководство на УКЛО ги презема, а се со цел подигнување на квалитот на студентите во систем, како и на дипломираните студенти кои се образоваат на оваа високо-образовна институција.

Меморандумот за соработка ги отвора широко вратите за студентите кои своите практични знаења ќе ги стекнуваат и во оваа компанија, а можноста за стипендирање претставува и дополнителен мотив што поголем број завршени средношколци да го продолжат своето образование и стручно усовршување на УКЛО.

Соработките со деловната заедница произлегуваат како резултат на активностите кои ги спроведува Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при УКЛО, а при тоа исполнувајќи ги обврските кои произлегуваат од неговата визија и мисија.


Scroll to Top