Иницијатива за проширување на студиските програми на факултетите за безбедност и одбрана

02.07.2021

На Меѓународната конференција „Преспа Форум за Дијалог 2021 година“ учество зеде и проф. д-р Марјан Ѓуровски од  Факултетот за безбедност, воедно и проректор на УКЛО.

Во панелот посветен на Резолуцијата 1325 на Обединетите нации за унапредување на агендата за мир, жени и безбедност, професорот Ѓуровски се осврна кон инклузивните пристапи во реформите во безбедносниот сектор, потребата од создавање еднакви можности за вработување, задржување и развој на кариера кај мажите и жените.

Во своето обраќање на Преспа Форумот за Дијалог проректорот Ѓуровски нагласи дека треба уште многу да се работи за да може родовата еднаквост во нашето секојдневие да стане видлива.

Воедно, на Форумот, истакната е и потребата од проширување на студиските програми на факултетите за безбедност и одбрана, со содржини за придобивките од Резолуцијата 1325 и агендата за жените, мирот и безбедноста.


Scroll to Top