УКЛО одржа Конференција на тема „Високото образование и бизнисот-заеднички предизвици и приоритети“

22.06.2021

УКЛО и Стопанската комора на Северна Македонија  беа организатори на Конференција со наслов „Високото образование и бизнисот-заеднички предизвици и приоритети“.

На настанот што се одржа на 22 јуни 2021 г. во хотел Александар Палас во Скопје, бројни учесници од академијата, студенти и претставници на стопанството ги вкрстија своите стручни согледувања во две панел дискусии: Вклученоста на бизнис заедницата во креирање политики во високото образование и Инвестициите на бизнисот во високото образование-пракса, вештини, знаења.

Присутните учесници на Конференцијата имаа можност да ги проследат и обраќањата на: заменик министерот за финансии д-р Димитар Ковачевски, заменик министерот за образовние и наука, д-р Арафат Шабани, подпретседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски.

Ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски истакна дека  целта на Конференцијата е да се приближат ставовите на високото образование  и бизнис заедницата како активни социјални партнери. На тој начин, се потврдува нивната корелација што е силна заради  заедничките  предизвици и  приоритетите, особено затоа што нема повисок приоритет од економски подем поддржан од науката.   


Scroll to Top