На Технолошко – техничкиот факултет одбележан Светскиот ден на безбедна храна

09.06.2021

По повод Светскиот ден на безбедна храна 7 јуни, Технолошко-техничкиот факултет од Велес, единица на УКЛО, организираше on-line дискусија.

Покрај Зоран Атанасов, советник на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија за земјоделство, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, на актуелностите поврзани со безбедноста на храната  се осврна и Љубица Костадинова, одговорен менаџер за процеси од Höhenrainer Delikatessen GmbH, Германија.

Вонр. проф. д-р Даниела Николовска-Неделкоска, продекан за наука и меѓународна соработка при ТТФ, имаше излагање на темата: Технолошко-техничкиот факултет како општествен субјект во поддршка на воспоставувањето одржлив систем за безбедност на храна на национално ниво.

Дискусијата овозможи дебата на суштествени пашања меѓу кои: примената на системот за безбедност на храната кај нас и во светот, новата европска стратегија за безбедност на храната како и идните перспективи и предизвици на безбедноста на храната.


Scroll to Top