СВЕЧЕНО ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ПО ОБЈАВЕНИОТ КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР ИСТРАЖУВАЧКИ ТРУД И ЕСЕЈ ОД ОБЛАСТА НА ОСИГУРУВАЊЕТО

04.06.2021

Добрата соработка на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола со деловната заедница се потврди и со денешниот настан, кој се одржа во преубавиот амбиент на црквата Св. Софија во Охрид, каде од страна на брокерско осигурителното друштво СН Брокер Битола беа доделени награди за најдобрите студенти од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид кои учествуваа на повикот за избор на најдобар истражувачки труд и есеј од областа на осигурувањето.

СН Брокер Битола како општествено одговорна компанија, препознавајќи го квалитетот на студентите кои студираат на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола обезбеди плакети и стимулативни парични награди за избраните најдобри трудови, и тоа:

Наградата од 20000 денари за истражувачки труд беше доделена на Виктор Жупаноски, студент од 4 година, за трудот под наслов: Дигиталната технологија како фактор за развојот на дистрибутивните канали во осигурувањето.

Наградата од 10000 денари за истражувачки труд беше доделена на Фортуна Муртезаи, студент од 4 година, за трудот насловен како: Осигурување од поплави.

Наградите за трудовите за најдобар есеј од областа на осигурувањето беа доделени на: Емилија Тодоровска, студент од прва година, во висина од 3000 денари; Дарко Наумоски, студент од прва година, во висина од 5000 денари; Дијана Симуноска, студент од четврта година, во висина од 10000 денари, а најдобриот есеј од областа на осигурувањето го направи Антонио Крстевски, студент од прва година, кој беше награден со 15000 денари. 

Како резултат на успешно спроведената активност помеѓу СН Брокер и ФТУ Охрид најавена е поинтензивна соработка, во интерес на студентите и во насока на промоција на финансиско осигурителниот сектор во Македонија.


Scroll to Top