Д-р Рената Петревска Нечкоска, aкадемски кадар на УКЛО носител на глобален иновативен експеримент за дифузија на академијата

02.06.2021

Во Иницијативата EUvsVirus која создаде бројни мултидисциплинарни и мултинационални тимови со иновативни решенија во различни домени меѓу кои и академскиот и поттикна развој на 2.235 нови пан-европски партнерства, активно учество зеде и академски кадар од УКЛО.

Доц. д-р Рената Петревска Нечкоска од Економскиот Факултет – Прилеп,  постдокторант на Универзитетот Гент во Белгија, воедно и долгогодишен експерт во Европската Комисија, го водеше тимот за партнерите од академија и развој. Постигнатиот успех говори за вистинското лице на академијата којашто во нови Ковид прилики треба да биде проактивна, ангажирана, методолошки поткрепена и апликативна.

Во рамките на EUvsVirus, во соработка со проректорот на УКЛО проф. д-р Игор Неделковски, професорката Петревска Нечкоска ги постави на мапата на глобалната иницијатива своите два универзитети УКЛО и УГЕНТ, при што  членови на комисија беа и други претставници на УКЛО: проф. д-р Даниела Колтовска Нечоска и д-р Наташа Петрова Поповски, додека алумни од Western Balkans Alumni Association, УГЕНТ и УКЛО зедоа учество во хакатонот како натпреварувачи или волонтери.

Воедно, професор Нечкоска започна т.н. Academia Diffusion Experiment.е. експеримент за дифузија на академската работа во реални мисии и проблеми со повеќе од 40-тина соработници од целиот свет. Експериментот постигна видлив успех за што е силно поддржан од Еврокомесарката за иновации, наука, култура, образование и млади Марија Габриел.


Scroll to Top