РЕАЛИЗИРАНА ПОСЛЕДОВАТЕЛНАТА ЕВАЛУАЦИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ

01.06.2021

Во периодот од 10 до 19.05.2021 година на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола се реализираше последователна евалуација од страна на Институционалната евалуациона програма (ИЕП) при Европската асоцијација на универзитети (ЕУА).

Последователната евалуација е во рамки на еден целокупен процес на евалуација на УКЛО, започнат во 2017 година, а е со цел добивање објективно и непристрасно оценување на универзитетските состојби, како и препораки за иден развој од најреномираното Европско тело, кога станува збор за високото образование.

Реализацијата на оваа последователна евалуација, уште повеќе добива значење имајќи го предвид фактот што Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола е меѓу првите универзитети во Европа каде оваа евалуација се спроведе виртуелно, со одржување на 24 онлајн состаноци, со различни фокус групи, на коишто учествуваа повеќе од 120 учесници (наставен кадар, раководство, студенти, администрација, надворешни учесници).

Завршниот Извештај за последователната евалуација на УКЛО, подготвен од експертскиот тим на ИЕП, се очекува во наредниот период и истиот ќе биде јавно достапен на веб страницата на Универзитетот www.uklo.edu.mk.


Scroll to Top