Правниот факултет при УКЛО поттикнува меѓународна афирмација на студентите

25.05.2021

Докторантката од Правниот факултет, Весна Шапкоски, ќе биде дел од годинашната СИДИ – Школа за интернет владеење, дигитални политики и иновации (https://administratiepublica.eu/sidi/index.php/class-2021/?fbclid=IwAR2fUvhfH_NYgza0Nzo8t0HMK2HOPTdLBwrVf2kiMLt7NCrN5rpnHbzRs-U).

 Таа е една од 30 учесници од Југоисточна Европа и поширокиот регион, кои од 31 мај до 11 јуни 2021 ќе учат за дигиталните иновации, влијанието на интернетот и други технологии на нашето општество и економија, како и за различните димензии на дигиталните политики и интернет владеењето. Школата е ко-организирана од страна на Националниот универзитет за политички студии и јавна администрација од Букурешт, Романија, Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви и Дијалогот на Југоисточна Европа за управување со интернет, со поддршка на повеќе меѓународни, регионални и локални партнери.

Правниот факултет и на овој начин продолжува да ги охрабрува и поттикнува своите студенти во нивните амбиции за  професионален напредок и меѓународно афирмирање.


Scroll to Top